
Француското Министерство за одбрана се обрати до концернот „Renault“ за помош во производството на дронови, соопшти производителот на автомобили во неделата, откако министерството минатата седмица ја изнело идејата дека француските компании би можеле да помогнат со отворање на производство во Украина.
„Министерството за одбрана не’ контактираше во врска со можноста за производство на дронови. Разговорите се водени, но во оваа фаза не е донесена одлука, бидејќи чекаме дополнителни детали за овој проект од министерството“, изјавиле од „Renault“ за Reuters во соопштение.
Претходно во неделата француската новинска веб-страница Franceinfo извести дека се очекува француската компанија да произведува дронови во Украина.
Кога било прашано од Reuters, министерството рече дека е до тој производител на автомобили, без конкретно да го спомене „Renault“, да се изјасни дали сака да учествува.
Ниту министерот за одбрана Себастијан Лекорну не го спомена „Renault“, во петокот изјави за францускиот новински канал LCI дека Франција ќе формира партнерство меѓу голем француски производител на автомобили и мала фирма за одбрана за опремување на производствени линии во Украина за производство на дронови.
Дроновите играат значајна улога во одбраната на Украина од руската инвазија што започна во 2022 година. Тие имаат и надзорни и ударни улоги, со што ги обликуваат тактиките на бојното поле.