Република АД „Водостопанство“

Филиповски: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско

Формиравме оперативен тим и секојдневно луѓе од Дирекцијата од Скопје ќе бидат присутни наши овде за секоја хидраулична целина, ќе имаме телефонски броеви за пријавување можни несакани дејства и насочувања на водните ресурси што би биле залудно потрошени, истакна Филиповски.

Филиповски: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско

И покрај неповолната хидролошка состојба ќе обезбедиме вода за наводнување на полињата во кочанскиот и овчеполскиот регион, користејќи ги капацитетите на хидросистемот „Брегалница“, најави извршниот директор на АД „Водостопанство“, Филип Филиповски на денешната прес-конференција во Општина Чешиново-Облешево.

-Вода ќе има за сите земјоделци, тоа е јасна порака од раководството на АД „Водостопанство“. Нормално е во услови на низок водостој во браната Калиманци да правиме планови за рестрикција и тоа е нешто нормално, се случувало и во минатото. Водата што сега ја имаме имаме, некаде околу 80 милиони кубни метри во акумулацијата, мора да ја штедиме. И земјоделците и вработените во Водостопанство мора да се вклучат во рационално користење за наводнување. Формиравме оперативен тим и секојдневно луѓе од Дирекцијата од Скопје ќе бидат присутни наши овде за секоја хидраулична целина, ќе имаме телефонски броеви за пријавување можни несакани дејства и насочувања на водните ресурси што би биле залудно потрошени, истакна Филиповски.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи постои поволен период, што според Филиповски треба да помогне во полнењето со вода на акумулацијата Калиманци. Нагласи дека состојбата во АД „Водостопанство“ е лоша и ќе се прават напори за надминување на проблемите.

-Колегите кои работат десетици десетици години наназад во АД Водостопанство прават сѐ за изготвување решение како да се пушти вода во сите полиња. Вработените имаат пет неисплатени плати, сите возила се хаварисани, нема ниту едно возило во подрачната единица и ниту еден багер. Веќе обезбедивме санација на сите возила и линеарно зголемување на платите на сите вработени, а оние кои ќе се ситакнат во работењето ќе бидат и надградени. Исчистивме 70 отсто од каналите што не е мала работа во услови на целосно хаварисан систем во Водостопанство. Владата ни обезбеди пет плати за вработените во водостопанство, а се обидуваме финансиски да се стабилизираме, рече Филиповски.

Во обраќањето кон земјоделците, тој нагласи дека само вработените во „Водостопанство“ смеат да ги насочуваат и да управуваат со водните ресурси, а секое друго недозвено дејство ќе биде законски санкционирано. Како што потенцира Филиповски, дополнителен проблем за овогодишната наводнителна сезона е што минатата година непотребно биле испуштени околу 20 милиони кубни метри вода од браната Калиманци.

To top