Радио Милева кралица на фотошопот

„Дара Бубамара која не личи на себе“ – Пејачката мета на критики поради прекумерна употреба на фотошоп (фото) 

„Дара Бубамара која не личи на себе“ – Пејачката мета на критики поради прекумерна употреба на фотошоп (фото) 

Пејачката Дара Бубамара по којзнае кој пат отиде предалеку во уредувањето фотографии, и повторно е мета на критичарите поради прекумерната употреба на Фотошоп.

Дара Бубамара стигна до сите  социјални мрежи со своето уредување фотографии и е прогласена за кралица на фотошопот.

Овој пат, таа направи селфи, „залепи“ неколку филтри на неа и сè тоа малку го уреди во Фотошоп.

Резултатот е Дара која не личи на себе, и така започнаа масовните коментари и на социјалната мрежа X.

„Наташа Беквалац од Али Експрес“, „Дури ни Мајкл Џексон немаше ваков нос“, „Дали е ова нејзината внука?“, „Ја запали графичката“, „Да можеше да се види во градот, сама себе  ќе се муваше“, „Колку е разочарана подоцна кога ќе се погледне во огледало без филтер“, „Дури ни нејзината сопствена мајка не би ја препознала“… коментарите се наројуваа.

Дара ги објави истите фотографии од автомобилот, но изгледа како повторно да притиснала погрешно копче. Под нејзината фотографија има опција каде што можете да кликнете за да го купите селфито на Дара Бубамара.

 

 

Дара обично се шегува на своја сметка кога станува збор за вакви ситуации, што на многу луѓе им се допаѓа, а таа нема проблем со повремените скандали што ѝ се случуваат.

foto:printscreen/x/instgaram

To top