Скопје Нови подови, фонтани, реквизити

Ѓорѓиевски: Кисела Вода се менува – секој ден сѐ поубава, модерна и зелена!

Апелирам до родителите и дечињата да ги чуваме овие нови реквизити, а доколку забележат вандалско однесување веднаш да пријават до надлежните полициски служби. Нашата Кисела Вода се менува секој ден и тие промени се насекаде околу нас, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Кисела Вода се менува – секој ден сѐ поубава, модерна и зелена!

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во изминатиот период работеле на промена на старите и поставување на нови детски катчиња, реквизити и урбана опрема.

Тој истакна дека се работи за нови подови кои се користат за летните Олимписки игри, нови клупи, фонтана и реквизити.

-Кисела Вода секој ден сѐ поубава, модерна и зелена! Изминатиов период работевме на обнова на старите, како и поставување на нови детски катчиња низ нашата општина. Се работи за нови детски катчиња, нова урбана опрема, клупи, фонтани, нови подлоги на игралиштата со полипропиленски под кој официјално се користи за летните Олимписки игри. За најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече добиваат модерни и безбедни простори, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема кои ги нудат овие места. Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво! Апелирам до родителите и дечињата да ги чуваме овие нови реквизити, а доколку забележат вандалско однесување веднаш да пријават до надлежните полициски служби. Нашата Кисела Вода се менува секој ден и тие промени се насекаде околу нас, рече Ѓорѓиевски.

To top