26.8 C
Скопје
12:03 - 18 јули, 2025

(Фото) Вљубени до уши: Исплива фотографија од Јелена Розга и 11 години помладиот син на Тончи Хуљиќ

Хрватската пејачка Јелена Розга и Иван Хуљиќ, синот на музичарот Тончи Хуљиќ, наводно се во љубовна врска.

Иако се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека хрватските медиуми пред десетина години пишуваа дека тие двајца се повеќе од пријатели, но нивната романса тогаш завршила поради големата разлика во годините, пишува српски „Курир“.

Дека емоциите меѓу двајцата сепак не стивнуваат и по повеќе од една деценија, сведочи и тоа што на својата љубов ѝ дале втора шанса и дека се повљубени еден во друг од кога било, а Иван ѝ бил поддршка на Јелена во текот на нејзините неодамнешни концерти на Сава центар во Белград. Впрочем, самата Јелена рече дека повеќе не е сама и дека нејзиното момче цело време било покрај неа во Белград.

На социјалните мрежи наголемо кружи нивната заедничка фотографија, снимена во една продавница во февруари 2024 година.

 


Како што тогаш пишуваа хрватските медиуми, Иван и Јелена делувале „опуштено и весело“.

Да потсетиме, синот на Тончи и Вјекослава Хуљиќ и претходно беше поврзуван со 46-годишната пејачка. Во 2009 година, далматинските медиуми пишуваа дека Иван, тогаш 21 година, бил чест гостин во сплитскиот стан на Јелена, а се зборувало и дека се видени заедно на концертот во Сплит.

 

Слични објави

Уапсена српската трансродова пејачка и елитна проститутка Електра Елит: И се заканува еден месец затвор

Е.А.

(Фото) Нема да можете да ја препознаете: Цеца објави фотографија од младоста со сестра си и родителите

Еспресо

(Видео) Гол грб и кристали: Теа Таировиќ ги запали социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ „ги полни батериите“ на Ибица

Еспресо

Сергеј Трифуновиќ објави фотографија и упати апел: Актерот бара сите да потпишат петиција за да прифати примена!

Еспресо

Луксузен одмор во Црна Гора: Ѓоле и Весна Ѓогани даваат 100 евра на ден за сместување на мачките и кучето, а 35.000 евра за семејството

Еспресо