Петровски задоволен: Добрата енергија да ја понесеме и во Литванија

Женската селекција на Македонија за кошаркарки „Под 18“ години по првите контролни натпревари во Црна Гора се врати во Македонија каде продолжува со подготовките за Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ова лето ќе се одржи во литванските градови Вилнус и Алитус.

За разлика од натпреварите против Црна Гора, селекторот Виктор Петровски сега на располагање ги има сите кошаркарки, вклучително и сестрите Мила и Ања Начевски кои ќе бидат подготвени за настап против следниот противник во подготовките – Косово, натпревар кој ќе биде одигран во среда во СРЦ „Кале“.

„Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Би рекол дека сите играчи влегуваат максимално посветени на секој тренинг, што искрено, многу ме радува. Сега ни следуваат уште две пријателски средби со Косово, на кои ќе видиме што и колку сме одработиле во претходните денови. Целта ни е да ја задржиме оваа позитивна атмосфера присутна на тренинзите, и да бидеме во иста оваа енергија и на првенството во Литванија“, изјави селекторот Петровски.

Се вчитува...