Тадиќ се збогува со Фенербахче: Секогаш ќе имате место во моето срце!

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ се збогуваше со навивачите на Фенербахче и порача дека турскиот гигант засекогаш ќе има место во неговото срце. 

Тадиќ заминува од клубот после двегодишен престој и ќе биде слободен во потрагата по нова средина, а заедно со него „во пакет“ ќе биде ослободен и Босанецот Един Џеко. 

„После две незаборавни години, време е да кажам збогум на овој прекрасен клуб. Фенербахче секогаш ќе остане во моето срце. Длабока благодарност за моите соиграчи, стручниот штаб и сите кои работеа за доброто на тимот. Фенер има неверојатни навивачи, полни со страст и енергија на секој натпревар. Ви се поклонувам“, напиша Тадиќ. 

За Тадиќ има интерес од неколку европски клубови, а се споменува и евентуално враќање во холандскиот Ајакс.  

ФОТО/PHOTO: Fenerbahce