Олимпик Марсеј ја губи битката за титулата со ПСЖ, откако загуби на домашен терен од Ленс со минимални 0-1. Победникот беше решен во судиското надополнување, кога Ел Ајнауи погоди во мрежата на Рули.
Така тимот од Марсеј сега заостанува цели 16 бодови на девет кола до крајот од врвот на табелата, и од првопласираниот ПСЖ, кој претходно оствари победа.
Олимпик одличнмо го почна мечот, па прв се закани преку Гури кој ја погоди пречката. Потоа Диуф од одлична позиција шутираше катастрофално, па не успеа да погоди во мрежата на домашните. Гури одново имаше шанса, но Рајан му го одбрани ударот, а потоа шанса имаше и Балерди за Марсеј, меѓутоа без успех.
Во вториот дел по една шанса за двата тима, а потоа шок на „Велодром“. Мачадо убаво се ослободи од својот чувар, додаде до Ел Ајнауи кој шутираше прецизно во мрежата на Рули за голема победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА