Јокиќ и Денвер немоќни – Оклахома е во финалето на Западната конфереција

Кошаркарите на Оклахома сити тандер ќе ја предизвикаат Минесота тимбервулвс во финалето на Западната конфереција, откако вечерва во полуфиналната мајсторка славеа на домашен терен против Денвер нагетс со 125-93.

Тимот од Колорадо успеа да парира само во првата четвртина, по која следуваше фуриозна игра на домаќините за конечен триумф од 125-93.

Шеј Гилџс Александер со 35 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Никола Јокиќ заврши со скромни за него 20 поени.

Се вчитува...