ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

Објавено во: Економија 12 Мај, 2025 14:21
Според проценката
на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2026 година, инфлацијата во европските
земји значително ќе варира. Најниска стапка на инфлација се предвидува во
Швајцарија, од само 0,5 отсто, додека Турција ќе ја забележи највисоката стапка
од дури 22,8 отсто.
Меѓу земјите од Европската Унија, најниска инфлација ќе има во Франција (1,6отсто) и Ирска (1,7 отсто), додека највисока инфлација се очекува во Полска (3,4 отсто) и Унгарија (3,6 отсто). Германија ќе има инфлација од 1,9 отсто, а Хрватска 2,6 отсто. Инфлацијата во Русија и Украина останува висока - 5,5 отсто и 7,7 отсто. Додека Швајцарија и Франција ја држат инфлацијата под контрола, Хрватска го надминува европскиот просек со 2,6 отсто, а Турција, со рекордни 22,8 отсто, станува рекордер по инфлација на континентот.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај предвидува дека економијата на Македонија ќе порасне за 3,2 проценти и во 2025 и во 2026 година. Стапката на инфлација е проектирана на 3,4 проценти и на 2,2 проценти во 2026 година.
Можеби ќе ве интересира
НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ИЗНОСОТ НА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Германците се жалат дека добиваат малку пари

Мексико се плаши од уцената на Трамп: Русија нуди помош

Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Божиновска: Помагаме на ранливите, нема исклучување на електрична енергија!

Oткази поради вештачката интелигенција - дали вашата работа е во опасност?

Колку изнесува бруто надворешниот долг на Македонија?

КОЛКУ БИ ЧИНЕЛА ВОЈНАТА НА ПУТИН СО НАТО? Би причинила значителна економска штета

ЛИДЛ ИЗДАДЕ ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Илјадници популарни кујнски апарати се повлекуваат поради ризик од пожар

Ја одбиле за вработување бидејќи било лошо за угледот да има жена возач: Денеска Жаклина С. Андоноска е една од најдобрите возачи на автобус
