Мртвиот грбав кит што лежи покрај данскиот брег е сè повеќе изложен на ризик од експлозија, според морски експерт. „Притисокот внатре се зголемува сè повеќе и повеќе, и во одреден момент животното би можело да експлодира со силен удар“, изјави истражувачот на китови Фабијан Ритер за ДПА. „Таквата ситуација е речиси неизбежна“. Ритер, член на научниот комитет на Меѓународната комисија за лов на китови (IWC) и автор на неколку книги, рече дека ...
Копенхаген, 21 мај 2026 (МИА) – Данските власти се откажаа од првичниот обид да го одвлечат трупот на грбавиот кит познат како „Тими“ до копното, откако напорите за отстранување на животното – покренати поради стравувањата дека надуениот труп би можел да експлодира во близина на туристичкиот остров Анхолт – наидоа на потешкотии. Официјални лица денеска се обидоа да го одвлечат китот во подлабоки води за да може да биде пренесен до пристаниште ...

