Општо

Рангирање: Финците се најсреќни луѓе во светот, Македонците се најнесреќни во регионот

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

20 март 2025, 10:44

На првите пет позиции на листата се и Данска, Исланд, Шведска и Холандија

На најновата листа САД се сместени на 24-то место, што е најниско ниво досега

Рангирање: Финците се најсреќни луѓе во светот, Македонците се најнесреќни во регионот

Depositphotos

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Новинар

Финска останува најсреќна земја во светот осма година по ред. На глобалното рангирање, Македонија е сместена близу дното, меѓу најнесреќните во светот, односно на 86-то место.

На првите пет позиции на листата се и Данска, Исланд, Шведска и Холандија. Рангирањето се прави врз основа на одговорите што луѓето ги даваат кога одговараат на прашања поврзани со квалитетот на нивниот живот.

Bloomberg
 

На најновата листа САД се сместени на 24-то место, што е најниско ниво откако се прави глобалното рангирање за оцена на сопствениот квалитет на живот, според истражувачите.

Македонија е најнесреќна и од сите земји во регионот, а најсреќни се граѓаните на Словенија.

Студијата е објавена денеска од Центарот за истражување на благосостојбата на Универзитетот во Оксфорд, а составена во партнерство со „Галуп“ и Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН.

Новите наоди од извештајот вклучуваат дека „вербата во добрината на другите е многу потесно поврзана со среќата отколку што се мисли“, велат истражувачите, наведувајќи ја важноста на социјалната доверба.

„Верувањето дека другите се подготвени да ви го вратат изгубениот паричник исто така се покажа како силен показател за среќата на населението: нордиските нации повторно се најдоа на врвот на листата на најсреќни земји во светот, но тие исто така се рангирани меѓу првите по очекуваното и реалното враќање на изгубените паричници“, се наведува во извештајот.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Рангирањето на земјите се заснова на тригодишен просек на самопроцена на квалитетот на животот на населението. Варијациите се објаснуваат со фактори како што се бруто-домашниот производ по жител, здравиот животен век, да се има на кого да се смета, чувството на слобода, дарежливоста и перцепциите за корупција.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите