Руте: Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерска позиција за Украина

Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерска позиција за Украина, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред денешниот заеднички состанок на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите-членки од ЕУ.
Тој наведе дека „тоа што го прават Американците е многу важно“.
– До јануари оваа година немаше разговори со Русите. Драго ми е што претседателот Доналд Трамп го скрши мразот и ја презеде лидерската улога, му честитам за тоа, наведе Руте.
Според него, САД ги координираат своите активности со европските партнери. Добар знак е што синоќа имаше разговор (помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин), а веднаш потоа Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со европските лидери, истакна Руте.