Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека Америка не е вклучена во најновиот конфликт помеѓу Иран и Израел.
„САД нема никаква врска со нападот на Иран вечерва“, објави Трамп.
Иран претходно ги предупреди САД и нивните сојузници да не се вклучуваат во одбраната на Израел од иранските одмазднички напади.
„Доколку Иран нè нападне на кој било начин, во која било форма, целата сила на вооружените сили на Соединетите Американски Држави ќе биде насочена кон вас во размер невиден досега“, додаде Трамп. „Сепак, лесно можеме да постигнеме договор меѓу Иран и Израел и да го завршиме овој крвав конфликт“, напиша Трамп.