logo
logo
logo

Трамп го номинира Бозел Трети за директор на Американската агенција за глобални медиуми

Vecer | 23.01.2025

Трамп го номинира Бозел Трети за директор на Американската агенција за глобални медиуми

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го номинира основачот на конзервативната медиумска надзорна организација Ел Брент Бозел Трети за директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), што е одговорна за надзорот на американските јавни медиуми во странство, вклучително Гласот на Америка и Слободна Европа.

- Малкумина се запознаени со глобалниот медиумски пејзаж на печатените медиуми, телевизијата и интернетот од Брент, кој е основач и претседател на Центарот за медиумски студии (ЦМС) веќе 38 години, напиша Трамп на социјална мрежа „Трут“ (Truth).

ЦМС е американска медиумска надзорна организација, блиска до конзервативните кругови.

- Ел Брент Бозел Трети и неговото семејство со генерации се бореле за американските принципи за слобода, еднаквост и правда и тој ќе се погрижи пораката да биде слушната од слободољубивите луѓе ширум светот, наведе Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk