Репрезентацијата на Словенија стигна до значаен триумф во Скопје над селекцијата на Македонија, а двата ривали ги очекува нов меѓусебен дуел веќе в недела, овојпат во арената во Копер каде домаќини ќе бидат Словенците.
Kако и во Скопје, и во Копер се очекува полна сала и добра атмосфера за која говореше и селекторот на Словенија, Урош Зорман кој се радува на распродадената сала бидејќи како што вели, не се случува често во Словенија.
„Секогаш има простор за напредок, и покрај нашата добра партија во Скопје. Утре сакаме да надоградиме тоа што направивме на гостински терен. Салата во Копер е распродадена. Во Словенија тоа не се случило многу одамна, па затоа сме навистина среќни. Луѓето доаѓаат на натпреварот поради нас, па не сакаме да ги разочараме нашите навивачи“, изјави Зорман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА