Компании

Пад на продажбата на „Тему“ и „Шејн“ во САД, најавените царини веќе имаат ефект

Извор: Bloomberg News

12 февруари 2025, 10:09

„Тему“ и „Шејн“ се сочуваат со голем пад на продажбата откако Трамп воведе царини и за малите пратки

Претходно пакетите од Кина во вредност до 800 долари беа ослободени од оданочување

Според процените, лани во САД биле испорачани мали пакети во вкупна вредност од 46 милијарди долари

Пад на продажбата на „Тему“ и „Шејн“ во САД, најавените царини веќе имаат ефект

Depositphotos

Гигантите во е-трговијата „Тему“ (Temu) и „Шејн“ (Shein) се сочуваат со голем пад на продажбата во неделата откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина ослободувањето од царините, што беше од корист за нивните мали пакети. Тоа доведе до застрашувачки ефект врз американските потрошувачи, кои претходно постојано ги напаѓаа нивните ултраевтини производи.

Продажбата на „Шејн“ во САД падна во опсег меѓу 16 и 41 отсто во петте дена од 5 до 9 февруари (последниот датум за кој се достапни податоците), додека „Тему“ на „ПДД холдингс“ (PDD Holdings Inc.) забележа пад од дури 32 процента во тој период, според „Блумберг секонд межр“ (Bloomberg Second Measure), кој ги анализира податоците од кредитните и дебитните картички.

Bloomberg Mercury
 

Падот на потрошувачката почна еден ден откако Трамп рече дека пакетите вредни помалку од 800 долари од Кина повеќе нема да бидат ослободени од царински давачки, категорија што го покрива најголемиот дел од испораките на „Шејн“ и на „Тему“ до американските потрошувачи. Иако спроведувањето на таквата одлука допрва треба да се имплементира, купувачите може да се одлучат да не порачуваат поради стравот дека ќе бидат затечени од дополнителни такси.

Други фактори што може да влијаат на продажбата се пазарната конкуренција и макроекономските промени.

Двата кинески онлајн трговци на мало, кои го користат правилото за мали пратки за да испраќаат евтини стоки до американските потрошувачи без да плаќаат царини, ги забрзуваат своите напори да го ублажат влијанието од новите американски царини. „Блумберг“ веќе известуваше дека „Шејн“ бара од некои од своите најдобри доставувачи на облека во Кина да воспостават нов производствен капацитет во Виетнам, додека „Тему“ се откажува од значајна контрола над својот кинески синџир на снабдување.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Новите царини на Трамп за Кина се заглавени во хаос, што предизвика прекин на испораките и покачување на цените во текот на изминатата недела. По отстранувањето на правилото „de minimis“ минатата недела, американската поштенска служба најпрво соопшти дека повеќе нема да прифаќа влезни пакети од Кина и од Хонгконг, за само еден ден подоцна да го смени својот став.

Американскиот претседател во саботата рече дека укинувањето на ослободувањето од царини ќе се одложи додека не се воспостават соодветни системи за собирање на приходите од царините.

Според процените на „Номура холдингс“ (Nomura Holdings Inc.), минатата година компаниите, вклучувајќи ги и „Шејн“ и „Тему“, во САД испорачале мали пакети во вкупна вредност од 46 милијарди долари. 

 

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Голем раст на продажбата на „Тему“ и на „Шејн“ пред оцаринувањето на малите пакети во САД
Компании

Голем раст на продажбата на „Тему“ и на „Шејн“ пред оцаринувањето на малите пакети во САД

„Тему“ и „Шејн“ забележаа раст на нивната продажба во март и април во САД бидејќи купувачите складираат резерви од секакви производи пред новите царини за мали пратки.

16.04.2025

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

Директорот на „Енвидија“ сака да продаде дел од својот удел во вредност од 550 милиони долари
Компании

Директорот на „Енвидија“ сака да продаде дел од својот удел во вредност од 550 милиони долари

Милијардерот Марк Стивенс, директор на „Енвидија“, веќе продаде повеќе од еден милион акции на производителот на чипови неделава, чија вредност изнесува речиси 150 милиони долари.

05.06.2025

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите