• Иван Димовски
Првиот светски рекет Јаник Синер се пласираше во второто коло на Ролан Гарос, откако го совлада Артур Риндеркнеч во три сета. Сепак, Италијанецот се помачи и играше два часа и 17 минути пред да го обезбеди првиот триумф на вториот сезонски Грен слем.
Домашниот тенисер на „Филип Шатрие“ парираше одлично од стартот, а првиот сет Синер го доби со единствениот брејк за 6-4. На сличен начин италијанскиот тенисер стигна до вториот сет, но противнички сервис освои во четвртиот гем и со 6-3 стигна до 2-0.
Риндеркнеч одигра неверојатно во третиот сет, бидејќи направи двоен брејк. Французинот поведе со 0-4, но потоа Синер се „разбуди“ и стигна до израмнување и го затвори сетот пред тај-брејкот (7-5).
Во второто коло Јаник Синер оди на мегдан со Ришар Гаске.
ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter