Мизо: Костал ќе произведува за хибридите на Volkswagen

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2022 12:18
Миктор Мизо, директор на Костал Македонија, објави дека охридскиот технолошки капацитет во иднина ќе произведува системи за хибридните возила на Volkswagen. Раководителот на центарот за производство на електронски и мехатронски компонентиова го потврди во интервјуто за едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022.
„И покрај предизвиците со кои се соочуваме како компанија и како индустрија, Костал ја започнува третата инвестициска фаза во постоечката фабрика во Охрид со дополнителна инвестиција од над 50 милини евра во следните 3 години и над 400 нови вработувања. Вложувањето е во најновата технологија наменета за plug-in хибридни возила на групацијата на VW (Porsche, Volkswagen, Skoda, Seat) кои ќе се произвeдуваат во периодот 2024 – 2030 година“, вели Мизо.
Меѓутоа во услови на големи енергетски предизвици, тој побара итно да се изнајде ефикасен начин за елиминирање на бариерите за поставување и субвенционирање на големи фотоволтаички централи на индустриските објекти со моќност од над 1 MW, како и да се забрза постапката за издавање на лиценци за продажбата на вишокот струја на сите компании.
„Некои од сегашните ограничувања се навистина непотребни во ова време кога сите бараат евтина струја од обновливи извори на енергија. Легитимно е барањето на сите компании, по примерот на земјите од странство, преку помош од државата да се намалат последиците од високите цени на струјата за големите индустрии“, предупредува менаџерот.
Очекува пад на нарачките на автомобилската индустрија од фабриките во Македонија, но и во поширокиот регион.
„Секако, ова нема линерано да ги погоди сите компании со еднаков интензитет. Оние што се добавувачи за премиум сегментот или електрични и plug-in хибридни возила, ќе поминат многу подобро поради очекуванит раст на нарачките за овие модели од крајните потрошувачи. За разлика од нив, во престојниот период многу поизложени на удар ќе бидат оние компании кои се добавувачи за традиционалните модели на автомобили со внатрешно согорување“, предвидува Мизо.
За дуалното образование, кое му е потребно на технолошките капацитети од индустриските зони, вели дека има резултати, но треба да се вкорени во нашата традиција.
„Костал Македонија е поддржувач на дуалното образование уште од неговите зачетоци. Во училишната година 2022/2023 година, 44 ученици, кои во општинското средно стручно училиште се образуваат по моделот на дуалното образование, престојуваат и се остручуваат во своите стручни профили во фабричките хали. Оваа година, девет ученици веќе го завршија своето образование, а дел од нив веќе се наши колеги.
Костал Македонија активно соработува и со факултетите и другите образовни институции од земјата и странство, обезбедувајќи стручна пракса за време на летото за студентите на техничките факултети со обезбедено сместување во Охрид и можност за вработување по завршување на студиите“, потенцира Мизо.
Можеби ќе ве интересира
Гасниот терминал во Александрополис не работи, ние и натаму плаќаме 300.000 евра месечно за закуп

СИНДИКАТИТЕ И СО ПОМАЛКУ ЧЛЕНОВИ ЌЕ БИДАТ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ – се менува законот, зошто владините претставници пристапија кон ваков предлог?

СРПСКА МИНИСТЕРКА ЗА ТРАНСПОРТ: Евзони ќе се прошири, а можно е да добие и поголем број царински службеници, ќе се стави ли крај на гужвите

ЕДНО ВИДЕО - ИЛЈАДА ЗБОРОВИ, КАКО СЕ ГРАДИ НА ТРИ АВТОПАТСКИ ДЕЛНИЦИ - Николовски со снимка до граѓаните

НОВАТА ВЛАДА НОСИ ПРОМЕНИ, ГЕРМАНИЈА ГИ НАМАЛУВА ДАНОЦИТЕ: Претприемачите ќе можат да заштедат илјадници евра

„ЛУЃЕТО ШТО КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР НЕ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО“ - од ДУИ велат: Тие се без статички проекти и сеизмичка проценка

ОПЕК ПЛУС ЈА ОТВОРА СЛАВИНАТА: Големо зголемување на производството на нафта ќе ги помести цените на светскиот пазар

ВЛАДАТА ЗАДОВОЛНО ГИ ТРИЕ РАЦЕТЕ - на име дивиденда од Македонски Телеком ќе инкасира 13 и пол милиони евра

ЗАГРОЗЕНИ СЕ ОКОЛУ 600 РАБОТНИ МЕСТА - уште една компанија во Германија е во криза, поднесе барање за стечај
