„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата

 

Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани во тендерот, рече денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обвинувањата дека тукушто отворена компанија и мало модно студио добиле милионски тендер. Тој го охрабри Обвинителството да отвори постапка, повика да постапат и сите останати институции вклучително и соодветните служби во Министерството за внатрешни работи и повторно обвини за хајка против него.

 

„Го охрабрувам Јавното обвинителство да отвори постапка за секој еден предмет за кој цени дека има какви било незаконитости и ја охрабрувам опозицијата да продолжи да отвора теми кои што се од интерес за јавноста, но исто така ги охрабрувам да работат во интерес на македонските граѓани  а не по која било цена да се обидуваат да го оцрнат она кое што го работиме како Министерство за внатрешни работи. Ги повикувам и Јавното обвинителство и сите останати институции, па и одделите во рамките на МВР да го истражат не само овој тендер туку сите останати тендери каде што има какви било индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост“, рече министерот Тошковски денес по отворањето нова канцеларија а управните служби во Жеровјане.

 

Министерот пак обвини за хајка против него откога новинарка го праша дали сопственичката на малото модно студио кое го добило тендерот за униформите е блиска пријателка на неговата сопруга.

 

„Ве замолувам некои посериозни прашања да поставуваме. Ниту знам кој е сопственик на модно студио, кое и да е, ниту пак кој и да е сопственик не  еблиска пријателка на мојата сопруга. Од прашањето што ми го поставувате народот многу добро ќе сфати дека ова е само една од хајките кои се прават континуирано“, рече Тошковски и повторно кажа дека е единствен политичар во историјата кој имал две интерпелации за три месеци, единствен адвокат на кој му се истражувани сите предмети во 14-годошна служба и единствен политичар на кој толку многу му се истражувани родителите, браќата, братучедите, сестрите, кумашините и комшиите.

 

Опозициската СДСМ денес побара итна постапка од Јавното обвинителство и распит на сите вклучени во тендерот за набавка на униформи за специјалната полиција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.