Фудбал трансфер

Реал Мадрид со нова одбрана идната сезона: Заминуваат четворица дефанзивци

Реал Мадрид би можел да има сосема нова одбрана за идната сезона, по најавено заминување на четворица дефанзивци. Речиси сигурно од тимот заминува Хесус Ваљехо, на кого не се смета во иднина, а исто така се очекува Флорентино Перез да се одлучи да стави двајца играчи на трансфер листа.

Едниот од нив ќе биде Давид Алаба. Алаба долго време беше повреден, а откако се врати не беше во истата форма, и беше еден од виновниците за поразот и елиминацијата од Арсенал во Лигата на шампионите. Австриецот и сега е на листата на повредени и ќе го пропушти крајот на сезоната, а можеби и светското клупско првенство.

Вториот кој ќе биде ставен на трансфер листа би можел да биде левиот бек Флоран Менди. Реал Мадрид ќе се одлучи да го продаде Менди во случај да добие добра понуда.

Покрај овие тројца, од тимот речиси сигурно заминува и Лукас Васкез. Васкез кој игра на десната бековска позиција, е „жртва“ на доаѓањето на Трент Александар-Арнолд, кој треба да ги засили „кралевите“ на крајот на сезоната.

Што се однесува до новите имиња во одбраната, Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе Вилијам Салиба од Арсенал, а исто така ако дојде Чаби Алонсо, ќе инсистира на Џонатан Та од Леверкузен.

To top