• Саше Љолес
Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, се врати во тимот после повредата и ќе конкурира за настап на големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид.
Информацијата ја потврди шпанскиот „Ас“, кој пишува дека Балде веројатно нема да биде во почетниот состав на мечот со вечниот ривал, но се очекува да добие шанса од клупата.
На четири кола пред крајот на сезоната Барселона има четири бода предност пред Реал Мадрид, а последното сезонско „Ел Класико“ може директно да го реши прашањето на шампионот во шпанската Примера.
Барселона веќе триумфираше во Купот на кралот, па така ќе има шанса да се бори за вториот сезонски трофеј и освојување на дуплата круна. Големото дерби ќе се одигра на 11 мај во 16:15 часот.