Продавачка во бутик откри крадец, полицијата го приведе
Објавено на 20 октомври, 2023 во 17:12

Полициски службеници од СВР Велес, денеска, околу 12:40 часот го лишиле од слобода деветнаесет годишниот А.Д. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ по член 236 ст.1 вв. 3 од Кривичниот законик.
Кражбата се случила 45 минути претходно, во бутик во Велес, од каде крадецот одзел производи, но бил забележан од вработената која успеала да го врати одземеното. Кражбата ја пријавила во Полициска станица Велес чии службеници за кратко време го пронашле а потоа и го привеле А.Д.
„За настанот известен е јавен обвинител и по негово документирање против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк
