Фудбалерот на Сандерленд, Џоб Белингем пристигна во Германија на преговори со Ајнтрахт Франкфурт, објавија германските медиуми. Само неколку дена откако му помогна на својот тим да обезбеди пласман во Премиерлигата, братот на играчот на Реал Мадрид Џуд е пред трансфер во Бундеслигата.
За неговите услуги се интересира и Борусија Дортмунд, каде играше и Џуд Белингем, но и Лајпциг кој исто така ја следи состојбата со играчот. Се очекува Белинтем да преговара со трите тима, а потоа да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
Џоб исто како и неговиот брат Џуд потекнува од школата на Бирмингем, и мина две сезони во сениорскиот тим, откако дебитираше како 16-годишник. Сандерленд го потпиша во летото 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА