ВИДЕО: Атлетико е недораснат, европскиот првак со „покер“ го почна походот на СКП!

Новиот европски шампион, Пари Сен Жермен, успешно го отвори настапот на Светското клупско првенство и го совлада Атлетико Мадрид со 4-0 (2-0) во првото коло од групата Б. 

  • Извештај од натпреварот:

„Светците“ на тренерот Луис Енрике беа во одличен ритам, мотивирано пристапија кон натпреварот и заслужено ги освоија трите бода. Резултатот го отвори Фабиан Руиз, кој погоди во 19. минута, по еден убав удар по земја од дваесетина метри. 

Витиња беше стрелец на вториот погодок, откако прелесно притрча во шеснаесетникот и ја искористи лежерноста на одбраната. Дуплирањето на предноста пристигна во првата минута од дополнителното време.

Второто полувреме донесе нова голема иницијатива на ПСЖ. Атлетико се чинеше „распаднато“ во дефанзива, што резултираше со голот на Ибрахим Мбаје, кој зголеми на 3-0 во 87. минута. Конечните 4-0 ги постави Ли Канг Ли од пенал во последните секунди. 

Шпанскиот состав се обиде само еднаш во рамките од голот, што доволно говори за инфериорноста во текот на мечот. „Јорганџиите“ во 78. минута останаа и со играч помалку, откако втор жолт картон доби Клемен Ленгле.

ПСЖ избива на првото место во својата конкуренција, каде се натпреваруваат уште екипите на Ботафото и Сиетл Саундерс. 

ФОТО/PHOTO: FIFA Club World Cup/Twitter/X

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Диего Симеоне

    4-4-2