Пристигнувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо во Москва по повод 80-годишнината од Победата е херојски чин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во наше време, особено ако зборуваме за Вучиќ и Фицо, тоа е едноставно херојски чин, практично. Херојски чин, навистина, бидејќи е демонстрација на суверената волја да се оддаде должно почит на Денот на победата, без оглед на нескриениот, неограничен притисок тоа е достојно за највисоко признание“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како се одвиваат прославите на Денот на победата, со оглед на заканите упатени кон странските лидери кои патуваа во Москва.
Тој додаде дека многу странски лидери патувале во Москва, без оглед на притисокот што се вршел врз нив.
На Црвениот плоштад во Москва денес се одржа воена парада посветена на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на која присуствуваа 29 лидери на странски делегации.
Меѓу нив се кинескиот претседател Си Џинпинг, венецуелскиот претседател Николас Мадуро, белорускиот лидер Александар Лукашенко, бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и други, пренесува „Спутник“.