
Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 објави дека резултатите од пописот на населението ќе бидат објавени на 30 март во Филхармонијата на Република Северна Македонија.
Нема да има покана за политички субјекти, но кој сака ќе дојде. Ќе биде премиерот како институција и гости од странство. Ќе има гости од земјите од Западен Балкан. Директорот на статистичкиот институт од Грција, Словенија, Бугарија, Хрватска и Евростат, како и од Чешка и Полска, рече Симовски.
Симовски додаде дека во следните месец дена ќе биде државен непријател број еден откако ќе бидат објавени резултатите од националната статистичка операција, која патем не е одржана без малку 20 години.
Наредните месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс за исполнување на желби, туку треба да направиме реална фотографија за населението, додаде Симовски.