Полицијата вчера го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот.

Како што информира денеска МВР, Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.


Администратор
12/05/2025 14:52