Приказна за неверојатна сила, надеж и љубов ја следи оваа девојка за која многумина велат дека е медицински феномен. Имено, Алекс Симпсон немала мозок при раѓање, таа е родена без него и лекарите не ѝ предвиделе среќен крај. Сепак, ова храбро девојче решило да ги изненади сите и да покаже дека сè е можно и дека никогаш не треба да се губи надежта. Оваа „чудотворна“ жена, која нема мозок, како што ја нарекуваат, живее во Небраска и на 4 ноември ...
Алекс Симпсон од Омаха е родена со ретка состојба позната како хидраненцефалија, според нејзините родители, Шон и Лорена Симпсон, кои разговараа за нивната ќерка за локалната станица KETV News, како што објави списанието People. „Хидраненцефалијата значи дека нејзиниот мозок не постои“, рече таткото Шон, додавајќи: „Технички, таа има околу половина од големината на мојот мал прст од малиот мозок, во задниот дел од главата, и тоа е сè што ...

