Нов допинг скандал ја тресе планетата. Една од најголемите ѕвезди на португалската ракометна репрезентација Мигел Мартинш падна на допинг тест само неколку часа пред почетокот на Светското првенство.
Поради ова Мартинш нема да биде во составот на Португалија, а неговиот клуб Алборг излезе со итно соопштение.
- Секако дека е голем шок за нас, тоа што ни беше кажано е неверојатно. Веднаш стапивме во контакт со Мигел, кој е збунет како ние, и инсистира дека не направил ништо незаконско. Веднаш побара Б тест за да се реши работата, но сигурно е дека нема да игра на Светското првенство, истакнуваат од Олденбург и додаваат:
- Не можеме и нема да направиме ништо понатаму додека не бидат достапни резултатите од Б тестот, што не знаеме кога ќе се случи. Само кога ќе ги знаеме резултатите, ќе се справиме со оваа ситуација.
Наместо Мартинш, во селекцијата на Португалија беше повикан Мигел Оливеира, а и покрај сите проблеми, оваа репрезентација на стартот од првенството ги совлада Соединетите Американски Држави со 30:21.