Спасувањето себе

18.12.2023 12:41

Кога старецот добил рак, неговата млада трета сопруга
оставила порака на кујнскиот пулт, и испарила, спасувајќи се себе.

*

Принуден да избираш меѓу тоа да ја кажеш вистината
или да останеш жив, што би направил?
Да речеме, во Германија 1939-та да те прашаат: Евреин си?

*

Кога Фројдовата вилица и непце биле зафатени со сарком, придружен со неизлечива смрдеа од гнило месо,
неговата мала виенска чау-чау по име Јофи, која неизмерно ја сакал,
бегала и се криела зад кауч кога тој ја викал.

*

Иако всушност не сум будист,
отсекогаш сум се восхитувал на нивната пракса на мирување
сè додека не престане да ги мачи желбата за движење.

Па сепак, кога ги гледам нивните спокојни, уморни лица, додека излегуваат од зендо,
се прашувам понекогаш: што губиш кога ќе престанеш да се бориш?

*

Измина полноќ кога ја завршив препораката за Барбара.
„Ете“, реков, станувајќи од масата, „ете
барем една личност која не сум ја изневерил.“

*

Планинарка талкала три дена, без храна, изгубена,
обидувајќи се да се врати до обележаната патека.
Телото ѝ го нашле под еден гребен,
каде што се вовлекла за да се згрее,

и чекала,
испишувајќи страници од дневникот,
ред по ред,
со уреден, убаво обликуван син ракопис.

 

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото