Дојави за бомби имало во неколку скопски училишта, јавуваат загрижени родители на ученици до „Скопје1“.
Според првичните информации кои ги објави порталот, евакуација имало во основното училиште „Петар Здравковски“ во Бутел.
Исто така, децата биле евакуирани од ОУ Киро Глигоров, од каде неофицијално учениците биле вратени дома.
Дојава, имало и во средното училиште „Јосип Броз Тито“. Дојави имало во околу шест училишта.
Засега овие информации Скопје 1 не успеа да ги потврди од официјалните органи.