EHF пресуди: Алкалоид се ШАМПИОНИ!
Судот за ракомет при Европската ракометна федерација (EHF) ја донесе првата одлука поврзана со случајот што се отвори по откажувањето на реванш натпреварот од финалето на EHF European Cup Men 2024/25 помеѓу ХК Алкалоид и АЕК Атина, кој требаше да се одигра на 25 мај 2025 година во Скопје, Македонија.
Судот утврди дека АЕК Атина бил должен да учествува на закажаниот натпревар, и со одбивањето да настапи, клубот ги прекршил релевантните регулативи на EHF. Поради тоа, АЕК е прогласен за одговорен. АЕК Атина има право да поднесе жалба до EHF Court of Appeal во рок од седум (7) дена.
Одлуката гласи:
Резултатот од реванш натпреварот ХК Алкалоид vs АЕК Атина се регистрира како 10:0 голови и 2:0 поени во корист на Алкалоид.
Првиот натпревар заврши со 29:25 победа за ХК Алкалоид.
Со ова, ХК Алкалоид е прогласен за победник на EHF European Cup Men 2024/25, со сите права, придобивки и признанија што произлегуваат од титулата.
Жалба против оваа одлука не го одложува нејзиното дејство, односно таа стапува на сила веднаш.
Оваа одлука се однесува само на аспектите поврзани со натпреварувањето. EHF најави дека посебни дисциплински постапки ќе следуваат во врска со одбивањето да се игра, штетите и распределбата на билетите.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.
E pokraj zagubata na titulata ”grckoto” rakovotstvoto na AEK mirno ke spie sto na teren ne dozivea stram da zagubat od ekipa sostavena 90% od makedonski rakometari.
Коментирај анонимно