Италија
Откровението на сезоната во Серија А: Би сакал да играм во ист тим со Јамал

Нико Паз уште во месец јануари беше прогласен за откровение на сезоната во италијанската Серија А, натпреварување во кое успеа да воодушеви во првите неколку месеци откако реши да го замени Реал Мадрид со Комо.
Младиот Аргентинец замина во тимот на Сеск Фабрегас и ужива во офанзивниот пристап кој го негува шпанскиот стручњак, но на средина на сезоната доби извонреден соиграч и во Асане Диао кој исто така блеска во Италија откако пристигна од редовите на Бетис.
Поради растот на своите две млади ѕвезди, Комо реши да ги седне двајцата на заедничка маса и ги натера да си постават интересни прашања во улога на новинари, а големо внимание привлече одговорот кој го даде Нико Паз за една ѕвезда на Барселона.
Реал Мадрид ужива посебни права над Нико и може да го врати во својот тим до 2027-ма година, но Паз не крие дека би било извонредно ако може да игра во ист тим и со Ламин Јамал.
– Имав среќа да играм со дел од овие играчи на Реал Мадрид, тоа е најдобриот тим во светот. Имав можност да играм со Винисиус и Белингам, но ако треба да бирам, ќе го кажам Ламин Јамал. Би сакал да играм со него, тој е еден од најдобрите во светот, особено поради возраста на која го прикажува тоа. Навистина би ми се допаѓало да играм со него, – изјави Паз, кој имаше остварување на сонот и кога заигра со Лео Меси во аргентинската репрезентација.
– Дебито за Аргентина беше најдобриот момент во мојот живот, а за да биде уште повпечатливо, му асистирав на најдобриот играч во историјата на фудбалот, Лео Меси. Мислев дека нема да дојдам во ситуација да заиграм со него, но многу сум благодарен и горд што го остварив и тоа во фудбалот, – открива Нико.
-
Шпанија24 часа
Барселона повторно се посрамоти, „Гампер Купот“ нема да се игра на „Камп Ноу“
-
Англија12 часа
Диаз испратил јасна порака до Ливерпул за својата иднина
-
Свет12 часа
Италијанскиот селектор Поцеко повлече потег со кој ги импресионираше кошаркарските фанови
-
Англија5 часа
Јунајтед и Лидс разочараа, Куња дебитираше со добри потези во тимот на Аморим (Видео)
-
Германија13 часа
Кошмарно деби во Леверкузен: Тен Хаг прими „петарда“ од вториот тим на бразилски великан (Видео)
-
Италија12 часа
Мурињо зборувал со Влаховиќ, Фенербахче преговара со менаџерот на Србинот
-
Шпанија11 часа
Реал Мадрид го продолжи договорот со еден од столбовите на тимот
-
Англија10 часа
Мерсон шокиран од последниот потег на Арсенал: Тој е последниот играч на Челси кој им требаше