Последен повик за ученици: Учествувајте на меѓународниот стрип конкурс „Дајте шанса на помирување!“

Сите ученици од основно и средно образование во Македонија, Србија и Албанија имаат можност до крајот на месец мај да се пријават на меѓународниот стрип конкурс под мотото „Сè што велиме е – дајте шанса на помирување!“.
Темата на конкурсот е помирување, со фокус на надминување на минатото, спротивставување на говорот на омраза, почит кон жртвите без оглед на етничката припадност и промоција на заеднички вредности.
Стриповите треба да бидат во должина до две табли на А4 формат и може да се испраќаат индивидуално или во група, на маил адресата: raskaskolacrtanja@gmail.com, со назнака „За стрип конкурс – Помирување“.
-Ќе се доделат награди за најдобар стрип, најдобар цртеж, најдобро сценарио и награда за најмасовно училиште. Најдобрите трудови ќе бидат изложени на изложба во јули во Рашка, Србија и објавени во специјален каталог, соопштија од Рашка школа Србија.

Сите учесници добиваат сертификат за учество, а наградените – дипломи и подароци од организаторите.
Конкурсот е во организација на Клубот на ликовни уметници „Рашка школа цртања“ од Србија, во партнерство со Creative City Center од Албанија и соработници од Северна Македонија, а е поддржан од Младинскиот фонд за култура на Западен Балкан (WBYCF).
Дај му глас на мирот преку цртеж – учествувај!
Стефани Манева
