Тајните на долг и среќен живот од луѓе постари од 100 години

Што е тоа што ги прави некои луѓе отпорни, радосни и полни со живот дури и кога ќе го прослават својот 100-ти роденден? Дали е генетиката, навиките, љубовта… или нешто сосема друго?
Во една неодамнешна видео-сторија на Business Insider, пет луѓе кои веќе ја поминале границата од еден век зборуваат за тоа што ги одржува во живот – и дух, и тело. Се викаат Барбара (101), Дајан (102), Џек (101), Хелен (107) и Маргарет (102), и сите имаат нешто да кажат – за љубовта, здравјето, технологијата, загубата, но пред сè – за среќата.

Тајните на долг и среќен живот од луѓе постари од 100 години

ЗА ЉУБОВТА

Барбара вели со затворени очи и голема искреност:
„Толку е важно да чувствуваш љубов. Не велам дека љубовта го движи светот, ама многу помага.“
Што се однесува до старата изрека дека спротивностите се привлекуваат – Маргарет и Барбара не се согласуваат со тоа.
Маргарет: „Сличноста создава цврст брак. Тоа е љубов.“
Барбара додава: „Кога се согласувате, кога сте на иста страна и сакате заедно да го живеете животот – тоа е вистинска врска.“

ЗА ЉУБОВТА

ЗА СМРТНОСТА

Џек со топлина и тага раскажува:
„Најтешко на овие години е што понекогаш времето ти тежи. Немам веќе ниеден од моите добри пријатели. Сите се заминати. Жена ми почина пред 20 години. Требаше да е тука, со мене. Сега. Овде.“
И потоа со сила додава:
„Јас сум последниот што остана. Не е лесно. Ама ако седам и жалам цел ден, ќе полудам. Животот оди понатаму. Тоа е единствениот одговор што го имам. Животот оди понатаму. Затоа прави ги работите што ги сакаш.“
Хелен вели дека изгубила двајца синови, едниот неодамна – на 82 години.
„Шокирана сум што јас уште сум тука, а тие не се. На моја возраст, секој чекор е предизвик. Се чувствувам како да сум на позајмено време.“
И Барбара зборува за загубата на својот сопруг:
„Многу е тешко на овие години да си сам, ранлив и зависен од други.“

ЗА СМРТНОСТА

ЗА ТЕХНОЛОГИЈАТА

На прашањето „Што најмногу се променило во изминатите 100 години?“ – одговорот е едногласен: интернетот и мобилните телефони.
Хелен љубопитно прашува:
„Вистина е дека сте на Јутјуб?“
И се пошегува:
„Гледам млади луѓе како шетаат со телефони во раце. Сите имаат, само јас немам.“
Џек додава:
„Неверојатно е колку ѓубре има на интернетот.“
Но сепак признава:
„Порано, за да најдеш одговор, требаше да одиш во библиотека и долго да истражуваш. Сега – со еден клик, одговорот е пред тебе.“
Маргарет пак, вели дека технологијата има и добра страна:
„Ако се користи правилно, може да направи голема разлика. Можеш лесно да се поврзеш со луѓе, да праќаш и примаш пораки.“

ЗА ТЕХНОЛОГИЈАТА

ЗА ЗДРАВЈЕТО

Прашањето „Што ви помогна да доживеете 100?“ има сличен одговор од сите – движење.
Џек:
„Никогаш не сум пушел. Никогаш не сум пиел премногу. И не јадам премногу месо – иако сакам пилешко.“
Хелен додава:
„Мора да се јаде здраво уште од млади години.“
Дајан, поранешна танчерка, вели:
„Еден час дневно интензивно вежбање. Вистински тренинг. Тоа те одржува жив.“
Маргарет има поедноставен рецепт:
„Шетај, шетај, шетај.“

ЗА ЗДРАВЈЕТО

ЗА СРЕЌАТА

Џек:
„Не го пуштај старецот во себе. Одбивам да мислам како стар човек. Ако мислиш младо – ќе се однесуваш младо.“
Маргарет:
„Секогаш имам нешто во календарот што го очекувам. Тоа те држи жив. Треба да имаш нешто што го правиш денес – што прави разлика.“
Барбара:
„Пријателствата се важни. Имам пријатели од сите генерации – од 60 до 90 години. Тоа го прави животот интересен.“
На прашањето „Која е тајната на долг и среќен живот?“
Дајан:
„Љубовта кон животот. Посветеност кон семејството. И да не си себичен.“
Џек:
„Ако не се жалиш, нема да им го отежнуваш животот на другите. А и ништо не постигнуваш ако не почнеш да правиш нешто за другите.“
Барбара:
„Врзи се со убави, позитивни работи. Да даваш е вистинска радост.“
Хелен, во црквата, споделува:
„Ако си добар со луѓето – тоа ти се враќа.“
И конечно – најважното: позитивното размислување.
Џек заклучува:
„Не чувствувам дека ми се одбројани деновите. Напротив. Верувам дека имам уште добри години пред мене.“

ЗА СРЕЌАТА

  • Bojan напиша:

    Jades pusis pies ebes (te ebev) stres bes ljubov se drogiras trcas vezbas zivis zdravo…kolu ti e pis. tolku e.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *