Актуелниот директор на Младинскиот културен центар Арбен Бени Шаќири решил од денеска да ги откаже сите настани во МКЦ, вклучително и детски родендени.
Родителот е известен со меил дека роденденот на неговото дете е првиот откажан настан од страна на директорот на МКЦ, а преписката ја испратил читател на
24инфо.мк.Во меилот како образложение за откажувањето се наведени директиви на Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предизборниот период кои не се конкретно наведени.
Но дури и да се наведени, останува нејасно која е таа директива која забранува организирање на претходно закажни детски родендени.
Револтот кај родителот е голем, а тој тврди дека знае за уште неколку вакви како што тој вели целосно аматерски и непрофесионални постапки на директорот Шаќири.
Во текот на денешниот ден и останати настани се откажани или е одбиена соработка од страна на директорот со истото образложение.
Во текот на попладневните часови, беа објавени информациите дека 30 хонорарни долгогодишни соработници се отпуштени од Македонскиот Културен Центар (МКЦ), јавува
СкопјеинфоСпоред информациите, веќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, како и технички лица за организација на настани, а затворени се и кафулето и продавницата Апотека.
Дополнително, киното Милениум ќе работи со преполовена дејност.
Според директорот на институцијата, музичарот Бени Шаќири, ова не е негова лична желба, туку препорака согласно на правилникот на Државната комисија за спречување корупција.
Со реакција се јавија и советниците на Зелен Хуман Град, кој веднаш испратиле допис до ДКСК со прашања поврзани со информациите во однос на отпуштањата. Како членови на советот на град Скопје, тие бараат увид во документот кој е испратен до МКЦ, со цел објективно информирање на јавноста.
За потсетување, Шаќири дојде на местото на Никола Алексов кој претходно беше назначен од страна на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.