logo
logo
logo

Инфлуенсерка доби казна од 1800 евра поради фотографирање на една од најубавите плажи во светот

Vecer | 19.06.2024

Инфлуенсерка доби казна од 1800 евра поради фотографирање на една од најубавите плажи во светот

Таа при влегувањето на плажата направила фотографии и видеа, а потоа содржината ја објавила на социјалните мрежи. Таа ги игнорирала сите предупредувања за забрана и се снимала како оди по розовиот песок.

Луѓето од Сардинија ги забележале нејзините објави и ја пријавиле. Официјалните лица набрзо ја идентификувале инфлуенсерката и ја казниле - 300 евра за прекршување на забраната и 1.300 евра за пристигнување на островот со брод без дозвола. Роџерија на крајот го заклучи својот профил на Инстаграм.

„Spiaggia Rosa“ се смета за една од најубавите дестинации во светот, именувана по нејзиниот розов песок. Многу посетители го понесоа тој песок со себе и ја загрозија плажата, па оваа област стана дел од заштитен резерват во 1998 година.

Плажата се наоѓа во рамките на Националниот парк Ла Мадалена Архипелагот, и може да се види за време на патување со брод.

За оние кои ќе решат да ги прекршат правилата, како Роџерија, ќе добијат казна од 300 до 3500 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk