• понеделник, 07 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Иран се подготвува за обнова на тоа е уништено во нападите на Израел

Иран се подготвува за обнова на тоа е уништено во нападите на Израел

Техеран, 24 јуни 2025 (МИА) - Владата на Иран денеска соопшти дека претстојат „големи активности“ за обнова на тоа што е уништено за време на 12-дневните израелски бомбардирања, при што се оштетени станбените подрачја и јавната инфраструктура.

„Нападите беа насочени кон станбени подрачја, како и научни центри, истражувачки институти, здравствени установи и цивили. Се соочуваме со голема задача за обнова“, изјави портпаролката на Владата Фатемех Мохаџерани за Иранската државна телевизија.

Таа додаде дека властите почнале да го проценуваат обемот на штетата како подготовка за обновата.

На 13 јуни, Израел започна напади врз Иран, а денеска стапи на сила прекинот на огнот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан