Контакт

Македонија

Таравари не преговарал со ДУИ, а од „Влен“ не добил понуда да бидат една партија: „Ако решиле да се здружат, ќе им го дадеме името“

Објавено пред

Досега сме немале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија, ако имаме, ќе ја разгледаме, не брзаме, но ако одлучиле заедно да бидат, името им го даваме, нека го задржат „Влен“, ние ќе останеме Алијанса за Албанците, ќе продолжиме со нашата пратеничка група. Ова го истакна Арбен Таравари одговарајќи на новинарски прашања.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Тој рече дека остануваат отворени за соработка со сите.

Вели дека не преговарал со ДУИ. Прашан за информациите дека добил понуда од „Влен“, која содржела 35 отсто за советничките листи и 5 градоначалници, а ваква понуда имал од ДУИ, Таравари рече: „’Влен’ ми пушти нешто што повеќе ми изгледаше како ултиматум пред вчершното собрание. Јас никогаш во животот не прифаќам ултиматуми, сакам разговори“.

Македонија

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Објавено пред

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани и без гласови против, Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Партијата Левица ја поднесе интерпелацијата минатиот месец поради селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.

Пред почетокот на седницата, на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Јован Митрески кажа дека партијата нема да учествува во гласањето оти  интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици туку дека е негова одлука дали ќе остане на функцијата. Митрески нагласи дека како пратеничката група на СДСМ и Коалицијата останува на принципиелниот став дека јавното обвинителство мора да биде независно, ослободено од политичко влијание и притисок и сите одлуки мора да се по словото на законот и никако поинакви.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Лицето што го споменуваат ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил личен шофер на Зоран Заев

Објавено пред

Од

Додека државата буквално гори, додека македонските шуми, пасишта, полиња се претвораат во пепел, ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги од белата палата. Прво беа скакулците криви, кравите, СДСМ, Заев, утре ќе измислат некој друг, реагираат од СДСМ, на прес-конференцијата на Миле Лефков кој обвини дека шоферот на Заев е уапсен за подметнување пожар во Струмица.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Очајни, бедни обиди за дефокус и тоа со истиот лик Миле Лефков. Вистината е лесно проверлива: лицето што го споменуваат никогаш не бил личен шофер на Зоран Заев ниту пак телохранител.Не можат да организираат итна интервенција на терен и да ги изгасат пожарите, па организираат лаги. Единствени виновни за пожарите се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се неспособни.Изгоре над 20% од територијата на државата. Нема нови возила, нема опрема, нема пожарникари, нема авиони. Има само лаги, прес-конференции и луксузни патувања“, велат од СДСМ.

Додека пожарите јадат шуми и домови, додаваат од таму, тие трошат народни пари на морски плодови, егзотично овошје и приватни авиони. Додека граѓаните гасат пожари со кофи и лопати, владата на ВМРО-ДПМНЕ троши милиони на телефони, ама нема денар за спасување животи и имот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зајакнување на партнерството со Вермонт – македонска делегација се сретна со гувернерот на сојузната држава

Објавено пред

Од

Делегацијата на Армијата и Министерството за одбрана која престојува во Вермонт, САД, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафичиски придружуван од државниот секретар во министерството, Елизабета Чуповска Ристова, во текот на вчерашниот ден оствари средба со гувернерот на оваа сојузна држава, Фил Скот на која присуствуваше и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

За време на средбата се разговараше за придобивките од Програмата за партнерство во овие изминати повеќе од три децении која се реализира преку широк спектар на активности, како што се: изведување на заеднички обуки и вежби, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, семинари, и сл. Дополнително беше нагласен огромниот придонес на командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Најт кој за време на својот мандат има клучна улога за развојот и успешноста на ова програма.

Во рамки на активностите македонската делегација оствари средба со командантот на Универзитетот „Норвич“, бригадниот генерал Вилијам МекКола при посетата на оваа воено високо образовна институција. Обнова на програмата за размена на студенти помеѓу Армијата и Универзитетот беше во фокусот на разговорот. Оваа програма одигра значајна улога во зајакнување на партнерство меѓу двете земји и во поддршка на професионалниот и академскиот развој на идните воени лидери. Таа останува клучен механизам во напорите за продлабочување на институционалните врски и унапредувањето на интероперативноста.

Во текот на денот, делегацијата го посети и Регионалниот центар за подготвеност и регионална технологија „Нортфилд“, каде беше презентиран ангажманот на овој центар во доменот на информациски операции и сајбер безбедноста во нашата држава.

Во таа прилика, генералот Лафчиски истакна дека „искуството и експертизата на центарот претставуваат уникатна можност за градење капацитети во оваа област“, имајќи предвид дека зајакнувањето на сајбер отпорноста е национален одбранбен приоритет кој е усогласен со принципите на колективна одбрана на НАТО и заложбата за сајбер одбрана на Алијансата.

Во следните неколку денови делегацијата ќе присуствува на повеќе презентации и посети на институции и капацитети од взаемен интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија1 час

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија3 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија4 часа

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија4 часа

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија5 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија6 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија6 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија8 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет8 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион9 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет9 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија19 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет21 час

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион23 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија1 ден

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија1 ден

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...