
Научно – наставниот совет, според член 62 од Законот за високо образование, претставува стручен орган на секој факултет. Се состои од редовни, вонредни професори и доценти кои се во работен однос на Факултетот. Бројот на членовите на ННС на Факултетот од редот на наставниците се определува на почетокот на секој семестар и за тоа се известува Ректорската управа на Универзитетот. Бројот на претставниците од редот на студентите изнесува 10% од вкупниот број членови на ННС.
“Наставно научниот совет врши повеќе улоги, но една од најважните е учеството во донесување значајни одлуки. Како на пример донесување на одлука за наставник во наставно научно звање на вонреден или редовен професор, како и доцент во зависнот од кој предмет. Донесување на одлука за формирање на рецензиона комисија, како и одлука за распишување на конкурс за наставник или асистент. Исто така се разгледуваат и се дискутираат молби, барања, документи или пријави за одбрани од студенти на втор циклус студии, како и барања од професори, наставници или соработници.”, вели студентката Драгана Угрева, член на ННС. Драгагна е студент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а воедно е и член на советот на својот факултет.
Драгана Угрева
“Услов за да се биде член на ННС, е да се биде член и на Факултетско студентско собрание , при што по предлог на кандидати од членовите на ФСС, се пристапува кон гласање и избор на членови на ННС, кои имаат мандат во времетраење од две години. Студентите се вклучени во донесувањето на секоја одлука која е ставена како точка на дискусија од дневниот ред. Начинот на гласање се спроведува и организира во зависност од потребата за тајно или јавно гласање. За најголем дел од точките на дневен ред одвивањето се одвива непосредно со кревање на рака и заземање на став „за“, „против“ или „воздржан“.”, вели Кристијан Живков, исто така студент и член на ННС при ФМН.
Кристијан Живков
Според Славица Ристовска, член на ННС на Факултетот за туризам и бизнис логистика задача на студентите е на седницата на ННС јасно и определено да го изнесат своето мислење за прашањата што се на дневен ред и повратно да се информираат и запознаат и другите членови, односно вработени во својата внатрешно-организациона единица (катедра, оддел и сл.), односно Факултетското студентско собрание за работата на ННС и за прашањата што се на дневен ред.
Славица Ристовска
“Нашите задачи се давање на мислење за било која тема, слушање на страната на студентите, активна соработка со професорите, дускутирање во врска со сесии, испити, спроведување на конкурси, комисии, научни звања итн. Бенефициите се во тоа што разменуваш мислења со професорите за било која тема, твојот глас е слушан и почитуван. Придонесот е во тоа што се слушаат и двете страни и на професорите и на студентите исто што и соработката пред се е многу битна. “, вели Драгана Угрева.
Материјата за учество во студентските организации е утврдена со закон и членувањето на студентите е задолжително.