23.05.2025 10:38
Вести Македонија

Студенти и професори одржаа заеднички час на платото на УКИМ за почит кон жртвите

На платото на УКИМ се одржа Заеднички час на студенти и професори во спомен на жртвите во пожарот во Кочани. Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за 12 часот беше одложен за половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти со кој беше исполнет кампусот на УКИМ.

Со кратки говори на сочувство се обратија ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Студенти во редици чекаат да запалат свеќи за покој на загинатите во пожарот, да положат цвеќе и да остават пари за поддршка на семејствата во кутиите за донации пред Филозофскиот факултет. Донираните средства ќе бидат предадени на Црвениот крст. Пред Правниот факултет, пак, е отворена Книга на жалост.

Вакви собири напладне ќе се одржуваат и во наредните четири дена.

Претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски соопшти дека утре ќе се одржи на кампусот на техничките факултети, в среда на ПМФ, во четврток пред Педагошкиот факултет, а за петок ќе биде организиран марш низ Скопје или студентите и сите заинтересирани граѓани ќе се упатат кон Кочани.

Обраќањата на Ангелова и Јаневска накратко беа прекинати за интервенција на Итна медицинска помош на студенти на кои им се слошило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленети 3,5 милиони евра во криптовалути, соборени околу 300 сервери – Европол урна голема хакерска мрежа

Дејан Дејан

„Македонија во чест на Св. Кирил“ – Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан

Дејан Дејан

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 24.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе