15.05.2025 00:57
Вести Македонија

Бектеши во „Топ тема“: Законот за нефер трговски практики сè уште не заживеа, затоа што новата влада направи ребаланс во кој не беа предвидени вработувања во комисијата за заштита на конкуренцијата

Имајќи ја предвид увозна криза во нашата држава, по пандемијата, енергетската криза и економската криза генерално заради инвазијата на Русија во Украина, имајќи во предвид капацитетот на одредени држави за производство и кои не можат да произведуваат, тоа што недостасуваа одредени суровини и принципиелно, базична економска логика во делот на понудата и потрошувачката и имаше дисбаланс и затоа имаше такви цени во делот на прехранбените производи, рече поранешниот министер за економија и член на раководството на ДУИ, Крешник Бектеши во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма во одговор на прашањето зошто не заживеа законот за нефер трговски практики.

„Успеавме, сепак, да го стабилизираме тоа во 2024 година, посебно во првото полугодие, низ сет мерки кои ги реализиравме како влада, а посебно како министерство за економија“, рече Бектеши.

Законското решение, вели Бектеши, беше усвоено во собранието во март лани.

„Имајќи ја предвид обемната работа што би можела да ја има комисијата за заштита на конкуренцијата, а воедно да се сменат договорите меѓу чинителите во ланецот во трговијата, дадовме рок до 28 септември, значи шест месеци од донесување на законот, да се усогласат сите договори во делот на условите и барањата на купувачите или тие кои продаваат одредени производи. Во тој рок од шест месеци беше предвидено и доекипирање на комисијата за заштита на конкуренцијата и да почне да се имплементира на денот што е предвиден со законското решение“, посочи Бектеши.

Според него, новата власт донесе нов ребаланс во кој не беа предвидени вработувања во комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Сега слушам дека е доекипирана со седум-осум нови луѓе, со цел да имаат капацитет да ја следат имплементацијата на ова законско решение. Во меѓувреме има најави за картелско здружување“, истакна Бектеши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе