ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.03.2022
Канализацијата омилена забранета туристичка атракција?
Автор: Goce Author

Иако е забрането, туристите кои одат на одмор во Канада, па и самите луѓе кои живеат таму, одат во подземни ходници за да им се восхитуваат на тунелите кои имаат идеален филмски изглед…

Малку градови може да се пофалат со канализација како туристичка атракција. Еден таков град е Торонто. Старото, но добро одржувано подземје буди асоцијации за совршено бегство на ограбувачите на банки, а лесно е да се замисли група нинџа желки како шетаат по широките ходници.

Канализацијата во Торонто наликува повеќе на метро тунели, отколку на канализација. Тоа е причината зошто подземјето стана мета на авантуристите кои сакаат да истражат што се случува во темните премини, иако влезот е ограничен и за тоа е потребно посебна дозвола. Причината за тоа е ризикот од поплави и отровни канализациски гасови.


Сирење наместо десерт, пешачење наместо возење, чудни навики кои ги има само во Франција


Торонто е град кој што сериозно го сфаќа управувањето со отпадокот. За тоа сведочи и станицата за третман на отпадни води наречена „Палата на прочистувањето“. Но сепак сака да ги заштити туристите и граѓаните, па влезот во оваа уникатна туристичка атракција е лимитиран и за него е потребна посебна дозвола.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?