ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.10.2022
Загрижувачки податоци: Еврозоната се соочува со рекордна инфлација од 10,7 отсто
Автор: Goce Author

Годишната инфлација во еврозоната достигна двоцифрена вредност во октомври, пред се поради повисоките цени на енергијата, покажуваат податоците објавени од Евростат.

„Потрошувачките цени во еврозоната пораснаа во октомври за 10,7 отсто на годишна основа, што е највисок забележан раст“, ​​се наведува во извештајот на Евростат.

Така, стапката на инфлација се зголеми од 9,9 отсто во септември на 10,7 отсто во октомври 2022 година.

Пазарната прогноза беше годишен раст на потрошувачките цени од 10,2 отсто во зоната на единствената европска валута.

Цените на енергетските производи во октомври пораснале за 41,9 отсто на годишна основа, наспроти 40,7 отсто во септември, додека храната, алкохолот и тутунот во истиот период пораснале за 13,1 отсто.

На месечна основа, индексот на потрошувачки цени во еврозоната се зголеми за 1,5 отсто во октомври.

(Видео) Д-р. Марија Димитровска – Колку студентите се вклучени во научни истражувања?
Жените во науката сѐ уште се соочуваат со предизвици и дискриминација