Медицинска опрема украденa од македонски болници завршила во Косово

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2022 13:42
Косовската полиција спречила обид за украдена медицинска опрема од болниците во Македонија да заврши во приватна косовска поликлиника во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки.
Косовските медиуми објавиле дека станува збор за опрема вредна 45 илјади евра која била купена за само 10 илјади евра, пренесува РСЕ.
Случајот е под истрага, а според коосвските медиуми, Шуки има свој бизнис во Косово и Македонија, а поврзан е и со политичари од двете земји.
Тој е сопственик на косовската поликлиника „Авицена КС“ во Приштина. На 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат украден во Скопје, за кој нема повеќе детали.
„По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело“, објавила косовската полиција.
Од македонското МВР впотврдуваат дека истрагата е сè уште во тек и на случајот се работи од страна на полициите во двете земји.
Шуки во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на владејачката партија ДУИ и нејзин донатор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Софија тврди дека нема да наметнува нови услови за Македонија

ГЕОРГИЕВ ДО МАКЕДОНИЈА: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања

Тројка надеж: Во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат во 31-та гестациска недела

ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЗАВРШИ НА КЛИНИКА ОТКАКО ГО УДРИ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ - возачот избегал, несреќата се случила во Скопје

Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост

МАКЕДОНИЈА ИМА КАПАЦИТЕТ ДА ГО ОРГАНИЗИРА ТРЕТМАНОТ И РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ: Клековски ја уверува јавноста

Салиу: Апсолутно немам никаква вина за пожарот во Кочани

Со донација на 2000 садници сезонско цвеќе ТИТАН Усје го одбележа Светскиот ден на животната средина – 5 ти јуни
РОДИТЕЛИТЕ НА ПОЧИНАТОТО 3-ГОДИШНОТО ДЕТЕНЦЕ СМЕТААТ ДЕКА ИМА ЛЕКАРСКА ГРЕЕШКА: ДСЗИ проверува дали било соодветно лекувано
