Српската војска во состојба на воена готовност по одлуката за замена на регистрарските таблички

504

Српската војска е во состојба на готовност откако денеска стапи на сила замената на српските регистарски таблички со косовски. Според одлуката што минатата недела ја донесе владата на косовскиот премиер Албин Курти. Предвиден е преоден период до 21 ноември во кој че добиваат „укор“ оние кои во Косово нема да ги променат табличките кои се регистрирани во Србија, со кратенките на српските топоними за градовите во Косово – како ПР за Приштина, треба да се замени со 01 – ознака за регионот на косовската престолнина. Од 21 ноември до 21 јануари 2023, ќе се изрекуваат парични казни, а потоа ќе започне издавањето пробни таблички. 

Оние кои меѓу првите по полноќ ја поминаа српско косовкста граница на преминот Јариње велат дека добиле некое известување од косовските граничари.

-Што пишува на таа хартија?

-Еве, не знам. Погледнете.

-Може да видам?

-И што рекоа колку пати ќе ви даваат предупредување?

-Ништо не кажаа, ние сме меѓу првите кои стигнавме вечерва на преминот.

-Ќе ги менувате регистарските таблички?

-Во моментов не знам.

-Што мислите за новите мерки?

-Во моментов е тоа што е, ќе видиме.

Српските одбрамбени власти веќе ја спроведуваат одлуката претседателот и врховен командант Вучиќ- војската на Србија е во состојба на готовност и подигнато е нивото на борбена готовност поради ситуацијата на Косово. „Не можеме да бидеме опуштени, Србија е сериозна земја и никој не треба да игра „воени игри“, рече тој за српските медиуми.

Домашните и меѓународните аналитичари предупредуваат дека одбивањето на Курти да ја одложи одлуката за промена на табличките може да донесе до ескалација на состојбата во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население.

  • Многу е конфузно не е сосема јасно како тоа ќе се спроведува, прво нелогичноста околу изрекувањето на казни за нешто за што рокот е април следната година. Значи многу е неизвесно но, сигирно е дека во следните три недели до 21 ноември ќе бидат избегнати одредени тензии и таа ескалација која всушност се очекуваше, вели политичкиот аналитичар Милица Андриќ Ракиќ.

Летово се појавија проблеми поради одбивањето на Србија и Косово да си ги признаат личните документи и регистарските таблички на возилата. Во август, претставниците на ЕУ и на САД преговараа за решение на проблемот со патните документи, дозволувајќи ситуацијата да се смири.

Билјана Ставрова