Се подготвува „лудница“ за прославата на титулата во Неапол – Шестоцифрена бројка навивачи на улиците!

Наполи ја освои втората титула во изминативе три години во Италија. Сега, италијанските медиуми ги објавуваат и деталите за прославата закажана за понеделник.

Наполи ќе биде домаќин на парада со автобуси низ Неапол во понеделник попладне, со почеток во 15 часот.

„Автобусите ќе парадираат ониз градот. Ќе имаме околу 100.000 седишта на располагање, но и четири џамбо екрани на врвот од плоштадите за да можат сите да ја следат прославата“ – потврдија од Наполи.

Се очекува повеќе од 100.000 навивачи да излезат на улиците за да ја прослават својата втора титула за три години. Патиштата ќе бидат затворени во попладневните и вечерните часови низ целиот град.

Гаетано Манфреди, градоначалникот на Неапол, вели дека парадата со автобуси е „подарок“ од претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, за градот, бидејќи тимот не можеше да организира јавна парада за време на последната прослава на Скудетото пред две години.

„Тоа е подарок што Аурелио Де Лаурентис ќе им го даде пред сè на навивачите, кои долго време го чекаа ова.  Имам долг кон градот и навивачите, бидејќи пред две години не беше можно да организираме парада. Овој пат има совршена синергија и ќе го организираме овој настан како град и како клуб“ – рече Мандреди.

Се вчитува...