• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници

Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници

Киев, 14 јуни 2025 (МИА) – Украина и Русија извршија уште една размена на воени заробеници, четврта оваа недела, соопштија денеска официјални лица од двете земји.

Договорот за размената беше постигнат во Истанбул на почетокот на јуни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи напиша: „Продолжуваме да ги ослободуваме нашите сограѓани од руско заробеништво, ова е четвртата размена за една недела“.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белусов на Телеграм објави дека, во согласност со договореното, уште една група руски војници е вратена од териториите под контрола на Киев. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан