Ова е најскапото парче облека што некогаш го носела прва дама на САД

Fashionel.mk

22/05/2023

15:57

8.050

Големина на фонт

а а а

Кога Доналд Трамп беше претседател на САД, неговата понежна половина, Меланија Трамп, неретко се појавуваше во ултра скапи изданија.

Сепак она што можеби најмногу привлече внимание беше палтото со 3Д цветови во разни бои, дело на „Dolce & Gabbana“, кое што го носеше во 2017 на Г-7 самитот.

Ова парче облека чинеше неверојатни 51.500 долари, што беше речиси колку просечна годишна плата на еден државјанин на САД, во 2015 година.

Сепак цветното палто беше распродадено, а само за да се нарача потребни беа 25.000 долари аванс.

Дуото Долче и Габана тогаш добија негативни коментари што се согласиле да ја облекуваат Меланија.

Но, тоа на италијанските дизајнери воопшто не им пречеше, напротив ја одбранија нивната муза со објави на Инстаграм, заблагодарувајќи ѝ се што ја одбрала нивната креација.